Салех: Итна помош на „белите шлемови“ во спасувањето е неопходна на северозападот на Сирија


„Времето истекува“ – испратете ги „белите шлемови“
Турција во понеделникот во раните утрински часови беше погодена од разорен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, а само еден час подоцна следеше нов потрес.
Земјотресот предизвика големи разурнувања и во соседна Сирија, каде што најмногу настрада градот Ал Баб.
„Истекува времето за да се спасат стотиците семејства заробени под урнатите згради“, изјави за Ројтерс Раед ал Салех, шеф на службата за цивилна одбрана под контрола на сириската опозиција.
Тој посочува дека итна помош на „белите шлемови“ во спасувањето е неопходна на северозападот на Сирија.
