Свет

(ВИДЕО) Додека спасувачите трагаат по преживеани, уште една зграда се урива

Додека спасувачите трагаа по преживеани, уште една зграда се урна. За сега нема информации во кој град е снимено видеото.

Најмалку 5.606 згради се урнаа за време и по земјотресот што ги погоди јужните делови на Турција и Сирија, соопшти турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД). Вкупно 19.574 лица, спасувачки персонал работат во областа на земјотресот за да ги санираат последиците, се вели во соопштението објавено од Си-Ен-Ен.

Туркиш ерлајнс во понеделникот соопшти дека продолжуваат летовите за Адана, Елазиг и Дијарбекир за граѓаните кои сакаат да стигнат до зоната на земјотресот.

Според соопштението на Агенцијата, аеродромите во Малатија, Адана, Дијарбакир и Адијаман се отворени за сите летови. Аеродромите Газиантеп и Шанлиурфа се отворени само за помошни летови, додека аеродромите Кахраманмарас и Хатај се затворени за летови поради штета од земјотресот, се вели во соопштението на АФАД.

На социјалните мрежи беше објавено и видео од нова зграда која се сруши како последица на земјотресот.

На почеток