Свет

„Каде е мајка ми?“, девојче по 20 часа извлечено од урнатините после 20 часа

Најмалку 4.800 луѓе загинаа во Сирија и Турција во разорните земјотреси, според последните информации од тамошните власти. Меѓутоа, меѓу оние кои конечно биле извлечени од урнатините било и едно мало девојче, кое веднаш ја побарало својата мајка.

Во текот на ноќта, спасувачите продолжија да бараат преживеани, на студ, дожд или снег, понекогаш со голи раце, за да го спасат секој можен живот, како седумгодишното девојче кое во правливи пижами излезе од урнатините во Хатај на границата со Сирија, по повеќе од 20 часа хорор.

„Каде е мајка ми? му рекла на спасувачот кој ја зел во раце. Лошото време го отежнува спасувањето и ја прави уште поогорчена судбината на преживеаните кои треперат во шатори или импровизирани засолништа. Големиот пад на температурата ги изложува повредените и заглавените во урнатините на дополнителен ризик од хипотермија.

Според проценките, во Турција се урнале до пет илјади згради, вклучувајќи ја и болницата во Искендерун. Во земјотресите беа урнати цели станбени блокови. Турција побара помош од сојузниците на НАТО за справување со последиците од земјотресот, од кои најсилниот беше 7,8, кој се случи вчераутро.

На почеток