Ердоган прогласи вонредна состојба во следните три месеци
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, прогласи вонредна состојба во следните три месеци во 10 погодени провинции.
„Имаме 3.549 загинати, 22.168 повредени. Нашето најголемо достигнување е тоа што досега спасивме повеќе од 8.000 наши граѓани под урнатините“, рече Ердоган.
„Турција се соочува со една од најголемите катастрофи не само во својата историја туку и во светот“, додаде тој.
Бројот на жртвите во двата разорни земјотреса што вчера ги погодија јужна Турција и западна Сирија постојано расте и според последните податоци се работи за повеќе од 5.000 жртви.
Земјотресите зад себе оставија илјадници повредени и луѓе што останаа без покрив над главата бидејќи цели станбени блокови беа срамнети со земја.