„Кина се однесуваше одговорно, Вашингтон – хистерично“, вели Захарова


Москва верува дека објаснувањата на Пекинг во врска со влегувањето на аеростатот во воздушниот простор на САД се доволни, рече руската портпаролка Марија Захарова.
Захарова коментира и дека Кина се однесувала одговорно во дадената ситуација, а Вашингтон – хистерично.
„Сметаме дека објаснувањата дадени од кинеската страна во врска со влегувањето на кинескиот аеростат во воздушниот простор на САД поради околности на виша сила се сосема доволни и разбирливи. Кина се однесуваше одговорно во таа тешка ситуација, што не може да се каже за импулсивната реакција на Вашингтон и американските медиуми што е тешко да се оцени како ништо друго освен хистерично“, се вели во изјавата на Захарова.
Како што додаде таа, САД продолжуваат да ги оцрнуваат и демонизираат земјите кои немаат намера да играат како што игра Вашингтон, од фиктивни причини и почесто без нив.
Кинески балон со топол воздух се појави на небото над САД на 3 февруари и беше соборен во близина на брегот на Јужна Каролина еден ден подоцна.
Додека Вашингтон тврди дека Пекинг го користел аеростатот за разузнавачки цели, Кина рече дека балонот имал цивилна намена и се користел за метеоролошки истражувања.
