Коментари

Стевчо му порача на Џамбаски да не се тревожи: Можеби не е европејски, ама е американски начинот на чествување

Стевчо Јакимовски преку социјалните мрежи му се обрати на европратеникот Ангел Џамбаски. Тој вели дека начинот на чествување на Гоце Делчев можеби не е европејски, но е американски.

„Ангел Џамбаски е многу вознемирен.

Негодува зошто ни се расипал компјутерот на граница и зошто не сме ги пуштиле неговите братја да влезат во Македонија. Според него тоа не било европејски.

Ангелчеее! (во деминутив, се разира!). Слушна ли какво казва Стејт Департментот на САД? Стејт Департментот даде соопштение дека чествувањето на 151 годишнина од раѓањето на Гоце Делчев е направено на мирен и достоинствен начин.

Ангелче! Можеби не е европејски, ама е американски начинот на чествување. Не се тревожи, полекичко сваќај си ги работите и не си го притишњавај срцето“, стои во објавата.

На почеток