Град Скопје одвои 6 милиони денари за погодените од земјотресите во Турција и Сирија


Советот на град Скопје, денес донесе одлука за доделување на парична помош за погодените подрачја од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија во висина од 6 милиони денари.
„Средствата ќе се уплатат преку сметката за хуманитарна помош на Црвен Крст на Македонија, а истите се обезбедуваат од ставката за непредвидени расходи на градскиот буџет.
Во текот на вчерашниот ден, градот Скопје испрати и интервентна екипа на Противпожарната единица на град Скопје за помош при спасувачката мисија во Газиантеп, а во меѓувреме сме во постојан контакт со локалните власти и стоиме на располагање за сите барања кои може да произлезат во рамки на спасувачката акција.
Градот Скопје е град на солидарност!“, велат од Град Скопје.
