Македонија

РЕК Битола ќе го исклучи Блок 3 поради дефект

РЕК Битола во текот на денот ќе изврши планирано исклучување на Блок 3. Планираното исклучување на постројката се прави заради отстранување на помал дефект, како и заради превентивна проверка со цел зајакнување на оперативноста на блокот.

„Блок 3 ќе биде вратен во мрежа во следните неколку дена, а во меѓувреме РЕК Битола ќе продолжи со континуирано производство на електрична енергија од Блок 1 и Блок 2.

Неработењето на Блок 3 ќе биде компензирано со другите производствени капацитети на АД ЕЛЕМ и ќе нема потреба од увоз на електрична енергија.

АД Електрани на Македонија во моментов произведуваат електрична енергија според планот и потребите на тарифните потрошувачи и сите зафати на производствените капацитети се пресметани во планот за производство“, велат од РЕК Битола.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток