Министерот за надворешни работи, Никола Димитров ќе оствари работна посета на Република Турција од 16-ти до 18-ти јануари 2019 година, при што, покрај со својот турски колега Мевљут Чавушоглу, предвидено е да има средби и со други високи државни претставници на Турција, како со министерот за одбрана на Република Турција, Хулуси Акар и средба во Големото народно Собрание на Република Турција.
Во фокусот на средбата со министерот Чавушоглу, ќе биде зајакнувањето на севкупните билатерални односи, унапредувањето на заемната соработка, како и размената на мислења за повеќе актуелни регионални прашања. Се очекува, министрите Димитров и Чавушоглу да го потпишат Меморандумот за соработка меѓу министерствата за надворешни работи на Република Македонија и Република Турција за соработка во областа на информатичките технологии и дипломатските архиви.