(ВИДЕО) Како Холанѓанецот го предвиде земјотресот во Турција и Сирија?
„Астросеизмологот“ Френк Хугербитс e Холанѓанецот кој го предвиде силниот земјотрес во Турција и Сирија. Тој се занимава со предвидување на земјотреси врз основа на положбата на планетите и Месечината и некои произволни компоненти на површината на земјата. „Њузвик“ пишува за овој човек, бидејќи луѓето се прашуваа дали сето ова може да има некаква научна основа.
Човекот се декларира себеси како истражувач. Тој е член на група луѓе кои ги следат порамнувањата на планетите и Месечината со одредени локации на површината на Земјата и доаѓаат до заклучоци за сеизмичноста. Холанѓанецот го измислил терминот „планетарна геометрија“ за неговата „астролошка сеизмологија“.
Хугербитс пред три дена објави дека „порано или подоцна ќе се случи голем земјотрес од околу 7,5 степени во оваа област“ и ја посочи географската локација на земјотресот. На ист начин тој предвиде и други земјотреси, како на пример за Калифорнија во 2015 година.