Свет

Путин: Ситуацијата не се подобрува, не сакаме жаришта на нашите граници

Претседателот на Русија, Владимир Путин оцени дека ситуацијата во Авганистан не се подобрува.

Тој изјави дека, според руските податоци, неопходна е итна хуманитарна помош за четири милиони Авганистанци.

По бегството на американските сили од таа земја, рече Путин, терористичката закана во Авганистан добива на сила.

„Русија не сака да избувнуваат жаришта на нејзините јужни граници“, рече рускиот претседател на состанокот на Советот за безбедност за проблемот со Авганистан.

Фактот дека постои конфликтен потенцијал во светот, вклучително и Украина, не ја намалува важноста на ситуацијата во Авганистан, додаде тој.

Русија, рече тој, воспостави контакти со раководството во Авганистан и има добри планови за економски проекти.

На почеток