Македонија

Асоцијацијата за цистична фиброза денес во 14 часот пред Владата: Благојче e жртва на системот

Пациентите од Асоцијацијата за цистична фиброза денес во 14 часот ќе бидат пред Владата.

„Не постои поголемо кршење на човековите права од тоа да се дозволи да умираат луѓе од болести за кои има лек! Заради ова, асоцијацијата за цистична фиброза утре во 14 часот пред Влада ќе се збогува со еден од своите најактивни членови Благојче Илијевски, како жртва на системот и кој заради инертноста на системот од надлежните институции и заради тромите бирократски процедури, почина прерано, чекајќи го лекот трикафта“, соопштија вчера од Асоцијацијата.

На почеток