Македонија

Пехчевски бара извинување од Меџити: Јас барам лек од кој животот ми зависи, а тој си дозволи да каже дека правам шоу во јавноста на телевизија

Пациентот Игор Пехчевски, болен од Цистична фиброза бара извинување од министерот за здравство Фатмир Меџити за изјавата дека правел шоу кога бараше лек „трикафта“. Тој бара министерот јавно да се извини, а лекот да биде донесен одма.

„Го слушам и гледам министерот за здравство. Јас барам лек од кој животот ми зависи, а тој си дозволи како доктор и министер за здравство да каже за мене дека со барањето на лек правам шоу во јавноста на телевизија. Барам од вас јавно извинување. И главното: Донесете го лекот ‘трикафта’ сега и веднаш, а не за неколку месеци како што кажувате во вашите изјави.

Министерот за здравство, Фатмир Меџити во интервју за „Макфакс“ не признаваше дека нема „трикафта“ за сите пациенти со цистична фиброза. Тој тврдеше дека дури сега се финализира протоколот кој ќе треба да покаже кои пациенти ќе треба да го примаат овој лек кој го стопира прогресирањето на болеста. Зборуваше и за случајот на пациентот Игор Пехчевски кој постојано бара терапија со „трикафта“, кого го обвини дека правел шоу.

 

На почеток