Македонија

Утрово пукано кон таткото на исчезнатиот Самоил Костадиновски

Утрово околу 8 и 30 часот во скопската населба Лисиче е пукано кон таткото на Самоил Костадиновски, кој е исчезнат веќе четврти месец, објави Локално.

Според информациите на „Локално“ од полицијата, тој е повреден и веднаш е пренесен во болница.

Полицијата е на терен.

26-годишниот Костадиновски, кој е внук од сестра на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, исчезна на 4 март.

На почеток