Властите го деблокираа Твитер во Турција
Од
Објавено на
Пристапот до Твитер во Турција денеска се нормализира откако корисниците пријавија дека не можат да пристапат на страницата за социјално вмрежување по смртоносниот земјотрес во понеделникот, соопшти компанијата за мониторинг на интернет Нетблокс, пренесе Си-Ен-Ен.
„Обновувањето доаѓа откако турските власти одржаа состанок со Твитер за да ја потсетат компанијата за нејзините обврски за отстранување на содржината и дезинформациите“, објави Netbloks на Твитер.