Ердоган призна: Имаше некои проблеми, но сега се е под контрола
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го бранеше одговорот на владата на двата катастрофални земјотреси што ја погодија земјата во понеделникот рано наутро, јавува Би-Би-Си.
Имено, критичарите изнесоа наплив од тврдења дека реакцијата на властите, односно на лекарите и спасувачките служби е премногу бавна и дека владата е слабо подготвена да реагира во случај на природни катастрофи како земјотреси.
Ердоган ги прифати критиките дека турската влада наиде на некои проблеми, но додаде дека ситуацијата сега е под контрола.
Претседателот ги отфрли обвинувањата и рече дека е потребно единство по катастрофата:
„Во период како овој, не можам да толерирам луѓе кои водат негативни кампањи за политички интереси“, им рече тој на новинарите во Хатај.
Илјадници преживеани ја поминуваат третата ноќ во услови на мраз, а надежта за многумина заробени под урнатините исчезнува.
Претставник на Светската здравствена организација предупреди дека може да има значителни повреди предизвикани од ниските температури меѓу преживеаните од земјотресот.