Актуелно

(ВИДЕО) Експлозија во зграда во Русија, има загинати

Експлозија во Русија: Има мртви ВИДЕО
Москва — Најмалку две лица загинаа, а 11 се повредени во експлозија на гас во петкатница во Новосибирск, Русија, јави ТАСС.

„Според последните извештаи, две лица загинаа“, рече официјалниот претставник.

Градоначалникот на Новосибирск, Анатолиј Локот, соопшти дека 11 лица се водат како исчезнати, а уште 11 се во болница.

Експлозија на гас во петкатница во Новосибирск се случи утринава, што предизвика делумно уривање на зградата.

По експлозијата следеше пожар на површина од 300 квадратни метри, кој беше изгаснат, јави ТАСС.

Според прелиминарните податоци од итните служби, експлозијата била предизвикана од истекување на гас во еден од становите.

Во експлозијата се уништени околу 30 станови.

Планирано е акцијата за пребарување и спасување да заврши до крајот на денот, а истрагата за причините за несреќата е во тек.

На почеток