(ФОТО) Со претседателскиот авион во Анкара префрлени 16 бебиња
Од
Објавено на
16 бебиња од подрачјата погодени од земјотресот со претседателскиот авион беа пренесени во Анкара.
Тие се во добра здравствена состојба, а ги посетила првата дама Емине Ердоган, сопругата на претседателот Реџеп Таип Ердоган.
Во градската болница Етлик во Анкара има 64 деца, од кои 16 бебиња. Властите се обидуваат да добијат некои информации за нивните семејства.