Мајка со бебе родено пред 10 дена се спасени од урнатините

Од
Објавено на

Десетдневно момче по име Јагиз е извлечено од урнатините во турската провинција Хатај, јавува Би-Би-Си.
Како што може да се види на снимките, бебето е завиткано во термо ќебе, додека неговата мајка спасувачите ја носат на носилка. Засега не е позната нивната здравствена состојба.
Повеќе од 21.000 луѓе загинаа во земјотресот што во понеделникот ги погоди југоисточна Турција и северна Сирија.
