Актуелно

Млади одбојкари од Кипар загинаа во страшниот земјотрес во Турција

Премиерот на Северен Кипар денеска и соопшти на јавноста нова страшна вест за смртта на 16 членови на училишна одбојкарска екипа од оваа земја, кои во моментот на трагичните настани биле во Турција.

Во седумкатниот хотел „Исијас“, кој се урна во земјотресот, престојуваа машките и женските одбојкарски екипи на колеџот „Фамагуста“, чија експедиција броеше 39 членови.

Четири лица веднаш по земјотресот излегоа од урнатините, но за жал добар дел од членовите на тимот беа затрупани по земјотресот.

„Ги пронајдовме телата на уште четири наши деца во групата ТРСК за време на операциите за пребарување и спасување што беа спроведени во урнатините на хотелот Исиас. Со оваа загуба, бројот на граѓани на Северен Кипар во Адијаман се зголеми на 16“, се вели во соопштението на Претседателството на Северен Кипар.

На почеток