Актуелно

Три лица загинаа додека го фотографираа пејсажот во Етрета, Франција воведе нови мерки за безбедност

Француската населба во северната провинција Нормандија, Етретат, ќе воведе нови мерки за дополнителна заштита на туристите кои ги посетуваат океанските карпи на тоа место, откако минатата година на таа локација животот го загубија тројца туристи.

Минатата година тројца туристи загинаа во одделни случаи во Етретат додека го фотографирале пејзажот или правеле селфи, пренесува Фигаро.

Францускиот весник наведува дека лизгањето на земјиштето на карпите е вообичаено, но туристите не обрнуваат внимание на тоа и често се шетаат под нив, ризикувајќи да бидат на најлошото место кога почнуваат свлечиштата, додека други се премногу блиску до работ за да го гледаат океанот и со што се ризикува да падне во вода.

– Редовно забележуваме невнимателно однесување на овој простор, па затоа во едукативни цели ќе поставиме опрема со известувања за безбедност по целата локација – најавија надлежните од општина Етрета.

Фигаро наведува дека освен што ги ризикуваат своите животи со пешачење, невнимателните туристи го загрозуваат и природниот екосистем на карпите, па затоа градот одлучил да работи заедно со одделот за безбедност на областа Приморска Сена за да се осигура безбедноста на туристите, како и „ренатурализацијата“ на карпите.

Меѓу предвидените мерки е и ограничување на бројот на посетители, како што е веќе случај во Националниот парк Каланки во Марсеј.

На почеток