Уапсен изведувач на урната зграда, се обидел да побегне во Црна Гора
Турската полиција уапси изведувач кој се обидел да побегне од земјата откако зградата што ја градел се урнала во катастрофалниот земјотрес во Турција, објавија државните медиуми.
Земјотресот низ Турција урна илјадници згради и загинаа илјадници луѓе, најмногу поради лошиот квалитет.
„Ronesans Residence“, блок со луксузни станови во градот Антакија, го изгради компанијата на Мехмет Јасар Чоскун.
Чоскун бил уапсен од полицијата на аеродромот во Истанбул додека се обидувал да побегне во Црна Гора, јавува Анадолија.
Турција воведе строги правила за градба по земјотресот во северозападна Турција во 1999 година, кога загинаа повеќе од 17.000 луѓе