Свет

Црногорските спасувачи заминуваат од Турција

Црногорскиот тим за пребарување и спасување го напушти турскиот град Хатај.

Во соопштението црногорскиот спасувачки тим наведува дека вчера, според извештаите од теренот, тешка механизација влегла во Хатај и дека доаѓаат специјалци за транспорт на починатите.

– Во текот на денешниот ден, членовите на тимот работеа во секторот Ц во Хатај на локацијата каде се бараше лице преку технички претрес. Црногорската екипа во потрага по исчезнато лице работеше на пробивање на ѕидови и премини за кучиња трагачи, по што се утврди дека станува збор за жал, починатото лице – се вели во соопштението на МВР.

– Црногорскиот тим, потсетуваме, претходните денови работеше во многу тешки услови, а две лица беа спасени од урнатините благодарение на нивните активности. Според најавите, членовите на Екипата ќе летаат од Истанбул во недела на 12 февруари и ќе слетаат на аеродромот во Подгорица во 08:15 часот – се вели во соопштението на МВР.

На почеток