Актуелно

Захарова: Бербок да не прави непоправливи грешки во Украина

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ја предупреди германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.

Бербок денеска призна дека згрешила кога кажала дека „Европа е во војна со Русија“, а Захарова ја предупреди да не прави непоправливи грешки во однос на Украина.

Тој што работи греши“, изјави Бербок за „Тагесшпигел“.

Според Захарова, ова е клучната изјава на Бербок, пренесе ТАСС.

„Штом искрено ја признаеш грешката, разбираш се. Мораш да разбереш. Но, ако си лицемер, тогаш следниот пат ќе направиш непоправлива грешка“, напиша Захарова на Телеграм.

Таа и порача на германската министерка дека „ако верува дека секој има право на грешка бидејќи грешките се дел од човечкиот живот, тогаш треба да престане да се меша во кризата која води до убивање луѓе со западно оружје“.

Захарова посочи дека Германија го поддржува украинскиот режим, кој, како што наведе, „убиваше луѓе во Донбас осум години и дека Русија започна специјална воена операција за да го запре крвопролевањето, за да ја спречи опасноста ситуацијата да ескалира во новa светска војна“.

„И тогаш, криминалците од НАТО почнаа да ставаат бензин на огнот, претворајќи се во масовен колеж“, додаде Захарова. На Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур на 24 јануари Бербок рече дека „европските земји се борат против Русија, а не една против друга“.

Затоа таа апелираше да се избегнат несогласувања меѓу западните земји кога станува збор за испраќање оружје во Киев, пишува руската новинска агенција.

На почеток