Актуелно

Две лица спасени речиси 150 часа по земјотресот во Турција

Турските и романските спасувачки тимови извлекоа 35-годишен маж од урнатините во турската провинција Хатај, 149 часа по разорниот земјотрес што во понеделникот ги погоди Турција и Сирија.

Од урнатините е спасено и девојче, кое 146 часа било под урнатините, јавува Анадолија.

Турскиот потпретседател Фуат Октај изјави дека, според последните информации, во таа земја загинале 24.617 лица.

Досега е потврдена смртта на 3.575 лица во Сирија, така што вкупниот број на жртви во двете земји е зголемен на 28.192.

To Top