(ВИДЕО) 40-годишна жена спасена од урнатините по 170 часа
Тимови од Турција и странство и натаму се обидуваат да ги спасат лицата кои се затрупани под урнатините. Тамошните медиуми јавуваат дека извлечена е и жена која преживеала 170 часа под земја, по разорниот земјотрес. По нејзиното спасување, продолжи потрагата по останатите затрупани лица.
„40-годишна жена е спасена од урнатините во областа Ислахије во Газиантеп“, јавуваат турските медиуми.
Истовремено, се зголемува бројот на жртвите од катастрофалниот земјотрес што во понеделникот ги погоди јужните делови на Турција и Сирија. Турскиот потпретседател Фуат Октај на прес-конференција изјави дека во таа земја загинале 24.617 лица.
Досега е потврдена смртта на 3.575 лица во Сирија, од кои 2.167 се во областите под контрола на бунтовниците во северозападниот дел на земјата, покажуваат податоците на невладината организација „Бели шлемови“.
Според сириските медиуми, повикувајќи се на сириското Министерство за здравство, уште 1.408 лица загинале во областите под контрола на владата.
170. saat mucizesi…
Gaziantep'in İslahiye ilçesinde 40 yaşında bir kadın enkazdan kurtarıldı. pic.twitter.com/ox93qP00Sx
— TRT Haber Canlı (@trthabercanli) February 13, 2023