Свет

Колку ќе ја чинат земјотресите Турција

Земјотресите ќе ја чинат Турција повеќе од 78 милијарди евра, објави Турската конфедерација за бизнис претприемништво.

Десетте провинции уништени од природната катастрофа сочинуваат 15 отсто од населението на Турција (околу 13,4 милиони луѓе) и произведуваат 10 отсто од нејзиниот БДП.

Конфедерацијата проценува дека ќе бидат потребни 66 милијарди евра за поправка и обнова на домовите и инфраструктурата, додека речиси десет милијарди евра ќе бидат изгубени од националниот приход, а 2,61 милијарди евра ќе бидат изгубени поради пропуштените работни денови.

На почеток