Скопје

(ФОТО) Стојкоски кроеше лозје со Данела

„Вековна македонска традиција со желби за бериќетна и плодна година за род на грозјето!“, напиша градоначалникот на Ѓорче Петров, кој во Кучково кроеше со скопската градоначалничка Данела Арсовска.

„Го закроивме лозјето близу црквата Св.„Трифун“ во село Кучково по повод истоимениот празник кој за жителите на ова село е значаен ден, особено за градинарите и лозарите. На чинот му претходеше литургија во црквата. Традиционално, на 14 февруари се врши обредното закројување на лозјето. Овој ден се смета и за последен од зимските и за прв од пролетните празници. Според православната црква, Св. Трифун ги штити лозјата и градините од разни штети, несреќи и болести, поради што луѓето го слават и изведуваат обичаи поврзани со овој празник. Нека биде плодна годината. За многу години денот!“, напиша Стојкоски.

To Top