Пандов: Нема ништо од концептот за Европска Македонија, реконструкцијата е обид за спас на Груби и Ковачевски
Бедно и срамно е тоа што власта им го направи на Алтернатива. Тоа што Ковачевски им го направи на Алтернатива треба да е знак кон сите политички партии кои сега соработуваат со СДС во Парламент, изјави Претседателот на Патриотскиот институт „Гоце Делчев“ при ВМРО-ДПМНЕ Александар Пандов
Пандов смета дека реконструкцијата која е насловена за Европска Македонија е обид за спас на Артан Груби и Димитар Ковачевски.
„Ковачевски нема ниту демократски капацитет ниту било каков капацитет да ги води овие процеси кои сега ги води. По мое убедување ова е само за спас на Артан Груби и да не му се зеде чаламот на Артан Груби и за спасување на Димитар Ковачевски. Нема ништо за Европска Македонија за кое се говори“, рече Пандов.
Пандов посочи дека власта по сите прашања не знае да се справи како по добрососедски односи, криминалот и корупцијата која е во сите пори навлезена, лошо здравство каде пациенти починуваат пред и во болници и при тоа никој не одговара и сеуште нема ни учебници во образованието.
Тој истакна дека прашањето на криминалот и корупција е тема број еден која ВМРО-ДПМНЕ кога ќе дојде на власттоа ќе биде број еден тема.