Македонија

(ВИДЕО) Член на ИО на СДСМ: Борбата против режимот беше голема победа! Сега има поголема демократија!

„Таа борба против режимот беше голема победа. Колку сме свесни дека е нешто променето не знам, треба да се направи анализа. Но, сметам дека сега има поголема демократска атмосфера“, рече Мишко Ралев, член на ИО на СДСМ и професор по архитектура во вечерашното издание на „Клик Плус“ на ТВ21.

Ралев вели дека оваа влада стапила на сцената во еден тежок период, но дека добро се справува со сите предизвици.

„Се приклучив во ИО на СДСМ за да се сменат нештата, но оваа влада предводена од Ковачевски влезе во еден многу незгоден период на пандемија, криза од војната во Украина и други одредени работи. Тие најави дека ќе колабира не се остварија“, изјави Ралев.

На почеток