Македонија

(ВИДЕО) Јакимовски: Бугарите ќе бидат гробница за СДСМ!

Бугарите ќе бидат гробница за СДСМ! Толку негативна енергија создаваат контра СДСМ, не знам како не се свесни за таа работа, вели лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски за тв24.

„Сосема е различна состојбата со промена на името во однос на решавање на грчкиот спор, со однос на ова со Бугарите.

Се создава една огромна негативна енергија, предизвикана токму од бугарската страна.

Вие не можете да одите против својот народ. Очигледно народот пружа отпор и не го сака ова

што го прави бугарската влада, на секаков начин гледаат да испровоцираат.

Македонија има инструменти во своите раце, само ако е спремна да ги искористи тие инструменти, за да ни се тргнат буквално Бугарите од врат.

Зошто ова не е ни од далеку она што го ветуваше Бојко Борисов дека, Бугарија ќе и помогне на Македонија на патот кон Европејскиот сојуз. Вака ли ја поткрепуваат Македонија кон Европејскиот сојуз? Со нови додавки и со нови провокации, додава тој.

На почеток