Актуелно

Заменик-министерот за култура останува во Владата, но не и во Алтернатива

На фејсбук се огласи заменик министерот за култура Даим Лучи, кој реши да остане во Владата, иако неговата партија Алтернатива излезе од коалицијата.

Тој поднесе оставка од сите партиски функции.

Еве што тој напиша на фејсбук.

„Мандатот како заменик министер за култура во Република Северна Македонија го започнав со невиден поттик и несебичност да бидам во служба на културата воопшто, особено албанската. За кратко време успеав да остварам важни средби со највисоките лидери на балканските држави и тоа: во Република Албанија, Република Косово, Босна и Херцеговина, Република Турција и со многу многу други дипломати. Меѓународните договори што успеав да ги остварам почнаа да попречуваат некои поединци од Алтернатива, особено партискиот лидер Африм Гаши, поранешниот генерален секретар Баким Сали, кого на негово барање почнав да го заобиколувам. Само ќе споменам неколку од нив:

– Само по Конгресот на партијата Алтернарива иако имав политичка функција, бев единствениот партиски функционер кој не беше член на Централното лидерство;

– Ме тргнаа од сите централни партиски форуми; и тоа е најголемото лудило,

– На инсистирање на Африм Гаши, а особено Беким Сали како генерален секретар на партијата, побараа од министерката за култура Бисера Констандинова – Стојчевска да ги одземе сите овластувања што заменик министер ги ужива, со единствена намера, што повеќе да бидат оштетени моите должности и пред другите да се појавам како неуспешен кадр и да има алиби за моето отпуштање.

Но, се случи спротивното. И покрај сите перипети и пречки, моето патување продолжи на најдобар можен начин. Успеав да го задржам духот на работата и максималниот ангажман со мојот персонал. Прашањето е поставено:

– Додека ме бојкотираа највисоките партиски структури, мислите дека имам обврска кон нив?

– Како е можно и кој му дава право на Африм Гаши да го пцуе моето име, кога повеќе од осум месеци не ме контактирал, туку работел против мене?

– Од кое право Африм Гаши бара мое разрешување, бидејќи одлуката за напуштање на Алтернатива на Влада е донесена единствено поради разрешување на неговиот пријател од функцијата министер за здравство Беким Сали, по која прилика Собранието одржано во Тетово беше само една фарса и да ги лажат избирачите и активистите.

Со ова сакам да го потенцирам фактот дека низ овие месеци од мојата функција како заменик министер сум бил во служба на граѓаните, но не на Африм Гаши и неговиот клан, затоа јавно изјавувам дека, додека Африм Гаши, Зеќирја Ибрахими и Беким Сали се задолжени за Алтернатива, Поднесувам ОСТАВКА од сите партиски структури на Алтернатива и за ова немам никаква политичка и морална обврска да одговорам на желбата или повикот на некои политички пропаднати поединци од кланот на Африм Гаши“, пишува Даим Лучи во својот пост на фејсбук.

На почеток