Коментари

Јоци за пресудата од Стразбур: Нешто се случило, никогаш нема да дознаеме која моќна сила издејствувала аболициите да не важат

Судот за човекови права во Стразбур ги одби жалбите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ кои бараа важење на аболицијата на претседателот Ѓорге Иванов. Постапките ќе мора да завршат пред домашните судови.

Коментар во врска со оваа пресуда на социјалните мрежи објави Јорданка Ивановска Јоци.

„Оние кои го чекаа Никола Груевски може слободно да почнат да се простуваат од своите планови и надежи. Сите планови и дилови под маса, меѓу сегашни и екс функционери, пропаднаа во вода.

Се прашувате што се случило откако сите извори брифираа дека аболицијата ќе биде прифатена и Груевски може да се врати на бел коњ? Епа, нешто се случило, подалеку од очите на јавноста, за кое никогаш нема да дознаеме која моќна сила издејствувала аболициите да не важат.

Има работи кои не се за јавност.

Како и да е, некој покажа со ова ,,кој е главен”“, стои во објавата.

На почеток