„Откажана е еврообврзницата од 600 милиони евра, Тупанчевски не сакал да потпише“, тврди Кочоска


Откажана е еврообврзницата од 600 милиони евра, а причина за ова е смената на министерот за правда кој не сакал да потпише и без негов потпис понатаму не може да се движи постапката, напиша на својот фејсбук-профил Гордана Димитриеска-Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и поранешна заменичка во Министерството за финансии.
„Ова е најголем доказ дека и во владата има голем раскол и дека нема капетан на бродот.
-Како можевте да дозволите ваков срам на државата и да ја оставите без пари?
-Кој ќе сноси одговорност за ваков непромислен потег?
-Дали намерно ја втурнувате државата во банкрот?
Докторите немаат земено плата а изговор ви е дека ги чекате парите од еврообврзницата. Повеќе од јасно е дека тие пари нема да ги добиеме.
Оставка на цела влада веднаш“, стои во објавата.
