Коментари

Јакимовски до Радев: Ги реши проблемите на твоите граѓани во Бугарија, па ќе ги решаваш на овие во Македонија, народот ти избега за Брисел

Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски вели дека повеќе не треба да му персираме на Радев и како што вели да се правиме фини.

„Треба да му кажеме:
„Господине Радев ти си ги реши проблемите на твоите граѓани во Бугарија, па ќе ги решаваш на овие во Македонија. Па цел народ ти избега за Брисел.
Сега ти ли ќе ни кажуваш како треба⁉️ “
Не знам зошто толку веќе им молчиме.
Тој не знае друга тема да каже освен Македонија.
Што е мојот предлог⁉️
Ајде тоа прашање да го оставиме споредно.
Ајде ние да си ги решаваме проблемите.
Ајде на оние што се со ретки болести и бараат 20.000 000 евра, да имаат кај да ги најдат тие 20.000 000 евра.
Ајде да видиме што правиме со здравството, ајде да видиме дали се ова доволно пари за здравството.
Ајде да видиме што правиме во социјалата.
Ајде да видиме – нема веќе децата кој да ни ги чува.
Ајде да видиме што ни се случува, само еден студент се запишал на природно-математички факултет, отсек математика и физика.
Кој ќе ни ги учи децата математика?
Дајте да видиме како функционираат судовите, како функционира обвинителството, како функционира правна држава.
Дајте да ги решиме тие проблеми што треба да ги решиме.
Дајте да видиме што правиме со стандардот на граѓаните.
Дајте да видиме за многу поважни работи.
Дајте да видиме дали можеме некоја фабрика да отвориме.
Дајте да видиме дали можеме да донесеме некој инвеститор во земјата, нод каде сака нека дојде, овој народ да остане овде да работи. Што сме се фатиле само за тоа прашање⁉️, рече лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски за 24 ТВ.

На почеток