Свет

Холандија го ограничи бројор на руски дипломати во Хаг, Хоекстра: „Во нашата земја се обидоа да влезат разузнавачки агенти“

Холандската влада соопшти дека ќе го ограничи бројот на руски дипломати во амбасадата во Хаг и ќе го затвори конзулатот во Санкт Петербург.

Владата соопшти дека ќе го намали бројот на руски дипломати во амбасадата во Хаг за да одговара на бројот на холандски дипломати во амбасадата во Москва, пренесува Ројтерс.

Со владина одлука, од 21 февруари ќе биде затворена и руската трговска канцеларија во Амстердам.

– Русија се уште се обидува да прикраде разузнавачки агенти во Холандија под маската на дипломатијата. Тоа не можеме и не смееме да го дозволиме – изјави министерот за надворешни работи на Холандија, Вопке Хоекстра.

Хоекстра додаде дека Русија во исто време одбива да им издава визи на холандските дипломати кои работат во конзулатот во Санкт Петербург или во амбасадата во Москва.

На почеток