Актуелно

Јокиќ: Нема да го користам телефонот кога ќе ја завршам кариерата

Никола Јокиќ имаше соочување со новинарите при што имаше можност да одговори на различни и интересни прашања. Јокиќ беше запрашан кој соиграч би го спасил и би сакал да е заедно ако дојде до апокалипса.

-Влатко Чанчар. Влатко пред се е еден од моите најдобри пријатели. И можеби Арон Гордон, ние би ја искористиле неговата сила ако треба нешто да се носи, ако треба да фатиме животно за јадење или слично, – рече Јокиќ кој потоа порача дека ќе го остави телефонот кога ќе ја заврши кариерата, но и откри што му е најголем товар.

-Нема да го користам телефонот кога ќе ја завршам кариерата, можам да издржам без сето тоа, само ми треба јутјуб, да можам да ги гледам трките со коњи. Тоа е тоа. Медиумите и славата ми се најголем товар, -порача Никола.

На почеток