Свет

Се урна зграда на Алјаска, има мртви

Едно лице загина при уривање на зграда во Енкориџ, Алјаска, а две други беа спасени откако беа закопани, соопштија официјални лица.

Противпожарната служба на Енкориџ потврди еден смртен случај откако се урна зграда во која се наоѓа теретана, објави Енкориџ дејли њуз.

Помошникот началник на противпожарната служба Брајан Парч изјави дека повеќе од 10 луѓе биле внатре кога се урнала зградата, пренесе АП.

На почеток