Во текот на ноќта нови земјотреси во Турција

Од
Објавено на

Во текот на ноќта нови земјотреси се регистрирани во Турција.
Најсилниот земјотрес се случил во 00:37 часот со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала.
Уште три земјотреси се регистрирани со јачина од 4,3, 4,4 и 4,5 степени според Рихтеровата скала, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод.
Официјалните податоци покажуваат дека најмалку 41.020 луѓе досега ги загубиле животите во разорните земјотреси што ја потресоа Турција.
