Свет

(ВИДЕО) Руските шегаџии стапија во контакт со Меркел, и се претставија како Порошенко

Руските шегаџии Владимир Кузњецов (Вован) и Алексеј Столјаров (Лексус) успеале телефонски да стапат во контакт со Ангела Меркел, претставувајќи се како поранешниот украински претседател Петро Порошенко, за да разговараат за настаните во Украина и Белорусија, соопштија денеска од кабинетот на Меркел.

Во соопштението се наведува дека поранешната германска канцеларка на 12 јануари добила повик од некој кој се претставил како Порошенко, а разговорот бил помогнат од германско-украински преведувач од јазичната служба на германското Министерство за надворешни работи.

Шегаџиското дуо, познато по тоа што се шегува со многу познати личности и политичари, објави на својот профил на Телеграм делови од видеото од разговорот на кој се слуша како Меркел го кажува она што постојано го повторува „дека критикуваниот мировен договор од Минск купи драгоцено време за Украина“.

Таа, исто така, ја критикуваше репресијата во Белорусија.

Меркел, како што се наведува во соопштението од нејзиниот кабинет, последователно го информирала министерството за „впечатокот што го стекнала за јавувачот за време на повикот“, но не е прецизирано каков е впечаток.

Меркел и поранешниот француски претседател Франсоа Оланд постигнаа мировен договор со Порошенко и рускиот претседател Владимир Путин, во 2015 година.

На почеток