Свет

Ердоган: Повеќе од 114.000 луѓе се спасени по земјотресот

Повеќе од 114.000 луѓе се спасени за време на операциите за пребарување и спасување по смртоносните земјотреси во југоисточна Турција, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

– Работата на отстранување на урнатините е при крај. Спасени се 114.834 луѓе – изјави Ердоган за локална телевизија за време на посетата на провинцијата Хатај.

Земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала го погодија југоисточниот дел на Турција на 6 февруари, а беа проследени со дополнителни земјотреси, кои беа почувствувани во 10 провинции и соседни земји, вклучително и Сирија, потсетува ТАСС.

Во Турција загинаа повеќе од 41.000 луѓе. Сириското Министерство за здравство тврди дека 1.414 лица загинале на делови од територијата под контрола на сирискиот претседател Башар ал Асад, додека Светската здравствена организација наведува дека бројката во целата земја е повеќе од 8.500.

На почеток