Бајден еден ден по посетата на Киев, ќе одржи говор во Варшава
Белата куќа потврди дека американскиот претседател Џо Бајден вечерва ќе одржи говор во главниот град на соседна Полска, ден по неговата историска посета на Киев. Пред тоа, Бајден ќе се сретне со полскиот претседател Анджеј Дуда за да разговара за колективните напори на Западот да ја поддржи Украина во нејзината борба против руската агресија.
Бајден, исто така, ќе ѝ се заблагодари на Полска што им помогна на САД и другите сојузнички земји да организираат испорака на воена и хуманитарна помош за Украина. Вечерва тој ќе одржи говор во кој ќе истакне како Америка помогнала да се соберат украинските сојузници додека војната влегува во втората година, без крај.
„ Претседателот Бајден ќе нагласи дека Соединетите Американски Држави ќе продолжат да ја поддржуваат Украина, исто како што кажа многу пати досега, онолку колку што е потребно“, изјави Џон Кирби, советник за национална безбедност на Бајден.