Македонија

Ристески: Оваа пазар влада е за месец плус, тендери и арамилак на народните пари за Ковачевски, Ахмети и Груби

Зошто власта ги менува овие министри почнувајќи од министерот за здравство, министерот за информатичко и општество и тој за дијаспора. Премиерот во неговото експозе нема наведено ниеден збор ни што работеле, како сработиле, зошто ги менува, дали е задоволен, ини зошто ги менува, ни зошто ги поставил. Што да зборуваме кога ни самите дојдоа да кажат за една година што сработиле, ни има некаков документ да кажат, што сработиле, ништо, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески на денешната собраниска седница.

Тој посочи дека резултатот на она што се работело во изминатата година на оваа неспособна влада го гледаме денес во денешните вести, смрт на пациенти.

– Не можете да направите и реновирате болници, ни хигиената не може да ја држите. Има хакиран систем во ФЗО, протестира здравството и оној медицински персонал кој некако останал во државава ќе го избркате. Зошто не најде премиерот време да потпише средства за лекот за болните од цистична фиброза? Заради трошењето време на пазарлак со партиите, кој ќе добие фотелја, тој не најде време за овие луѓе кои му протестираа пред владата, рече тој.

Нагласи дека оваа реконструкција, овој пазар ова лицемерие не е ништо друго освен купување на време, купи ден помини влада.

– Ова е само продолжување за некој месец на власта на Ковачевски, Ахмети и Груби, уште некој месец тендери, арамилак на буџетот и народните пари, нагласи тој.

На почеток