Македонија

Јованчев: Оваа коалиција е формирана исклучиво од лични интереси на клановите во СДСМ и ДУИ, а на штета на интересите на граѓаните

Сите граѓани ги чувствуваат последиците од неодговорното, нестручно и клептоманско владеење на оваа криминална власт. Во секој сегмент на животот во заедницата се детектира пад на стандардните вредности како резултат на катастрофалниот менаџмент со катадневните предизвици, поради што државата е доведена во состојба на рецесија, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Зоранчо Јованчев од денешната собраниска седница за разрешување на министерот за дијаспора, Џемаил Чупи.

Јованчев посочи дека најголемите причини за рецесија се неспособноста на владата и шампионскиот тим во економијата и посебно во енергетиката, кој што минатите години ја завршија со пад на сопственото производство од речиси 30 проценти.

„Почитувани граѓани оваа коалиција е формирана исклучиво од личен интерес и интерес на клановите во СДСМ и ДУИ, а на штета на интересите на сите граѓани. Со овие предлози за министри и заменици министри кој ги достави нелегитимниот премиер, Ковачевски можеме да заклучиме дека курсот по кој што ќе се движи нашата држава ќе биде спротивен на интересите на нашите партнери од Европската Унија. И секој ден поминат со оваа влада ќе бидеме се подалеку од портата на унијата, впрочем тоа го покажуваат и најновите анкети за евроскептицизмот во Република Македонија“, рече Јованчев

Тој посочи дека криминалот и корупцијата во политиката се најголемиот проблем на Република Македонија и со тоа ќе има помалку пари за образование, здравство и така натаму, а повеќе за хациенди на корумпирани македонски политичари.

„Корупцијата и криминалците во политиката се најголемиот проблем во Република Македонија. Корупцијата и криминалот се причина за помалку пари во буџетот, помалку пари во образованието, во здравството, помалку пари за земјоделците, младите, пензионерите, помалку пари за странски но и за домашни инвеститори, а повеќе иселување. Помалку за спортот и културата, а повеќе за хациенди на корумпирани политичари во Македонија“, истакна Јованчев.

На почеток