ДЏ Мац: Мајкиве го осудија Лазаров на смрт, вака да кревавте фама за се друго што ни “цвета” во државава ќе беше супер
Мајкиве го осудија Лазаров на смрт ( заради грешка или смеење или ајде да кажам не искусен во она што го започна) … а притоа истите тие мајки ги фатија за рака децата и ги однесоа на ГЕЈ парада и ги учеа дека тоа е нормално и е супер, пишува диџејот Марјан Петровски.
Во својот фејсбук коментар Петровски вели:
„Опкружен сум со “безгрешни луѓе” и луѓе кои ништо не работат … само живеат за да лечат фрустрации и комплекси …
Први сте за да оцрните некого … тоа го знаеме врз многу примери во минатото
Вака да кревавте фама за се друго што ни “цвета” во државава ќе беше супер
п.с Тамара Тодевска на своите настапи ПОЛНИ и ГАЗИ џабе ја осудивте и неа на смрт
Македонски синдром … само да колне и плука … кога ќе треба да се пофали јок … зошто се ќе се прости ама успехот на некого НЕ“.