Македонија

Меџити: Нема да гласам за новата Влада

Никој од „огнените“ не сака да биде дел од Владата, рече потпретседателот на ДУИ кој е дел Изет Меџити, во синоќешното гостување на ТВ 24.

Потенцираше дека „огнените“ не сакаат да ја состават Владата, туку само оти кажуваат дека овие што се сега во неа немаат сработено, неуспешни се и арогантни и треба да се заменат.

– Нашата заложба е да го вратиме ДУИ на правиот пат. Влезот на Алијанса за Албанците во Владата е само за инает и за да се замолчи „огнената“ група – додава Меџити, нагласувајќи дека нема простор за компромис за останување на Артан Груби во Владата.

Дополни дека, доколку „огнените“ се исклучени од ДУИ, не е отфрлена опција тие да формираат нова партија.

– Ова е политика на инает и за дневна политика и интереси и јавно кажувам дека нема да гласам за новата Влада, но да се дообјаснам до крај јас и сите пратеници Албанци немаме никакви дилеми околу уставните промени. Не треба да се поврзуваат двете работи – објасни Меџити

Според него, заложба на „огнената група“ е да го врати ДУИ на правиот пат, и појасни дека комуницираат со претседателот Али Ахмети, но не се разбираат.

– Претседателот да се врати, да не фати страна и да биде претседател како што беше изминатите години и да не не остави нас да се тепаме. Кога има волја, има 100 начини за компромис. Влезот на Алијанса за Албанците во Владата за една година е само за инает и да се заќути ‘огнената група’. Тоа само повеќе ќе и наштети на ДУИ отколку на нас – појаснуваше Меџити

Според него, место за компромис со останување на Артан Груби во Владата.

– Ако некој не праша, тој треба да се исклучи целосно и од ДУИ. Ваква штета во ДУИ нема направено никој за 20 години – рече Меџити.

На почеток