Земјотрес во Русија
Од
Објавено на
Земјотрес со јачина од 6 степени по Рихтер ги погодил Курилските острови во Тихиот Океан, соопшти Геофизичката служба на Руската академија на науките.
-Земјотрес со јачина од 6 степени е регистриран на 26 февруари. Земјотресот се случи на 102 километри југозападно од селото Головнино на Курилскиот остров Кунашир, изјави шефицата на сеизмичката станица Сахалинск, Елена Семенова.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 63 километри.