Скопје

194 санкционирани возачи во општина Ѓорче Петров и Сарај

Во текот на вчерашниот ден (26.02.2023) во периодот од 15.00 до 22.00 часот спроведена е засилена акциска контрола во делот на сообраќајот на територија на општина Ѓорче Петров и Сарај во Скопје. При контролата санкционирани се 194 возачи, од кои 117 за возење повеќе од дозволената брзина, 14 за возење без возачка дозвола, две мерки за нерегистрирани возила… Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

На почеток