Се задолжуваме со нови кредити, за да враќаме долгови на ВМРО-ДПМНЕ, вели Груби
Од
Објавено на
Вицепремиерот Артан Груби во емисијата “Клик Плус” на ТВ21 истакна дека ВМРО-ДПМНЕ се извор на корупција, и дека сегашната владејачка коалиција морала да подига кредити за да се вратат долгови создадени од нив.
„ВМРО-ДПМНЕ е извор на корупција. Тие измислија коруптивни зделки за да се збогатат на товар на граѓаните. Ги гледате денеска по судови. Го измислија проектот Скопје 2014, комплетно коруптивен проект. И што правиме ние денес? Се задолжуваме со нови кредити за да враќаме долгови создадени од ВМРО-ДПМНЕ“, рече Груби.