Македонија

Нов Закон за спречување на корупцијата и сметките на функционерите може да се на увид

Со 81 глас за и ниту еден против, власта и опозицијата го изгласаа Законот за спречување на корупција и судир на интереси. Владеачкото мнозиство во Собранието прифати 20 од вкупно 40 амандмани на ВМРО ДПМНЕ. Новиот закон дава повеќе ингеренции на членовите на Комисијата за спречување на корупцијата.

Со прифатените амандмани нема промени во проширената надлежност на комисијата, на која инстистираше власта, но сепак се прават измени во однос на начинот на кој се пријавува незаконско финансирање на политичките партии, а затворено е и прашањето за директен увид во сметките на носителите на јавни функции. ДКСК ќе има право на директен пристап до банкарските сметки, но и во над 60 други бази на податоци, но и тука власта прифати одредени измени во однос на првичното решение.

Да има најмалку десет години работно искуство по завршување на високото образование, од кои најмалку осум години во областите на откривање или спречување корупцијата, владеење на правото или добро управување, да не му е изречена забрана за вршење професија, дејност или должност и во изминатите десет години да не бил пратеник во Собрание, член на Владата, донатор на политичка партија или да не вршел функција во органи на политичка партија.Ова се дел од условите, согласно новото законско решение, што треба да ги исполни претседателот на Државната комисија за спречување на корупција.
Пратениците вчера овој закон го донесоа по скратена постапка.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток